Еколошка акција – Белото е чисто и здраво
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар (CSCD) на ден 24.07 2019 година (вторник) од 9.00-12.00 часот организира Еколошка Акција за дезинфекција на дрвјата во центарот на градот со вар и прскање со инсектицид.
Во акцијата учествуваа околу 20 волонтери на Здружението Центар за одржлив развој на заедницата, 10 млади од Градот ИФС од Франција кои беа гости на здружението и над 30 граѓани Дебар, млади, сопственици на продавниците, становници на околните згради на улица 8 Септември.
Главната цел на акцијата беше подигање на јавната свест кај граѓаните на Дебар за зачувување на младите
дрва на главниот булевард на градот како и биолошка и атмосферската заштита на младите дрвја.
Во акцијата над 300 стебла дрва се дезинфектира и се намачка со вар. Белиот вар освен визуелен ефект има и ефект на заштита од сонцето и дезинфекција на корето на стеблото.
Акцијата е дел од проектот “Заедно за чист Дебар” кој се финанцира од Швајцарската Агенција За меѓународен развој (SDC) преку програмата CIVICA Mobilitas.