Центарот за одржлив развој на заедницата преку институционална подршка на програмата Civica Mobilitas.

Што се институционални Грантови?

  • Институционални грантови – Целната група на институционалните грантови се „националните“ граѓански организации т.е. оние кои вообичаено работат во еден или повеќе конкретни сектори на национално ниво. Институционалните грантови ќе им овозможат на овие организации истовремено да работат и на прашањата на граѓанското општество од национален интерес, но и на нивните специфични, секторски цели (каузи) согласно нивните годишни и повеќегодишни програми. Фокус на институционалните грантови се и „регионалните“ граѓански организации т.е. оние кои дејствуваат во повеќе региони или во повеќе општини во рамки на некој од регионите. Институционалните грантови ќе овозможат овие организации истовремено да работат и на специфични регионални секторски цели согласно нивните стратегии и програми за работа. Во рамки на Цивика мобилитас е очекувано да се доделат 48 институционални грантови. Корисниците на овие грантови, 48 здруженија и фондации се дел од „критичната маса“ на Цивика мобилитас.

Revised-CORZ Debar cm-ins-01-working plan
ЦСЦД-raboten plan-MKD-koregiran

Програмата Civica Mobilitas го финанцират и имплементират:

SDC LOGOСДЦ – Швајцарската агенција за развој и соработка ги ангажираше НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска за спроведување на Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас, 2014-2018“.

 

NIRAS LOGOНИРАС е данска консултантска компанија со повеќе од 1300 вработени, од нив 280 работат на развојни проекти. Градејќи се на повеќе од  40 години искуство во преку 100 земји, НИРАС нуди широк спектар на услуги и програмско менаџирање, вклучително и области како што се добро владеење, децентрализација и граѓанско општество. За повеќе информации посетете ја: www.niras.dk

 

MCMS logoМЦМС е граѓанска организација основана во 1993 година која предводи и поттикнува промени во Македонија и пошироко преку нови и алтернативни решенија на општествените проблеми. МЦМС веќе 20 години е значаен актер на граѓанското општество, кој води програми за институционален развој и организациско јакнење, вклучувајќи застапување за овозможувачка средина, градење на капацитетите, финансиска поддршка и истражување. Покрај тоа, МЦМС дејствува и во секторите на социјална кохезија, локален и рурален развој и добро владеење. Од 1993 г. МЦМС спроведе повеќе од 65 програми со реализирани преку 1.500 проекти во овие сектори. МЦМС во 1998 година ја доби наградата на САД и ЕУ за граѓанско општество и демократија. За повеќе информации посетете ја: www.mcms.mk

 

SIPU LOGOСИПУ е шведска консултантска компанија која промовира општествени промени низ целиот свет и е специјализирана за спроведување на институционален развој и организациско јакнење во земјите во транзиција, со силен акцент на земјите од Западен Балкан. Нејзината работа вклучува и развој на капацитетите на поединци и организации. За повеќе информации посетете ја: www.sipuinternational.se

Што е програмата:

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.

Визијата на програмата е Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани. Цивика мобилитас има мисија да биде движечка сила за одржливо граѓанско општество, кое:

    • практикува позитивни, демократски вредности;
    • ги ангажира граѓаните во локални општествени иницијативи и е во добра интеракција со своите конституенти;
    • е институционализирано и вклучува бројни динамични, големи и мали, урбани и рурални, разновидни организации на граѓанското општество;
    • има позитивно влијание на понатамошниот развој на Македонија.

Цивика мобилитас го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.

Цивика мобилитас ќе работи со граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во сите региони и општини, сектори и теми, притоа настојувајќи да ги намалува регионалните и секторските разлики во развојот на граѓанското општество.

Цивика мобилитас промовира внимателно осмислени институционален развој иорганизациско јакнење на граѓанските организации, со што цели симултано да придонесе и кон развојот на целото граѓанско општество како сектор и кон јакнење на самите граѓански организации.

За период од четири години, Цивика мобилитас планира да достигне „критична маса“ од 100 граѓански организации кои активно се ангажираат во постигнување општествени промени во Македонија. Оваа критична маса може да помогне во постигнувањето консензус за правците и содржината  на клучните општествени реформи.

Целната група на Цивика мобилитас се здруженијата и фондациите (регистрирани според истоимениот закон). Само тие може да бидат добитници на институционални грантови. Другите актери на граѓанското општество (невладини, непрофитни организации, медиуми, истражувачки организации и други типови на ГО) може да учествуваат во другите типови грантови (акциски и мали грантови).

Цивика мобилитас ќе соработува и со неформални, нерегистрирани групи, актери на граѓанското општество кои се вклучени во општествени иницијативи за заедничко добро. Тие ќе можат да имаат придобивки од линијата за поддршка на Цивика мобилитас, да учествуваат во сите настани, како на пример форумите на Цивика мобилитас и да добијат ад-хок финансиска поддршка преку регистрирани граѓански организации.

Цивика мобилитас се состои од три компоненти со активности:

    • Компонента 1: Поддршка, вмрежување, учење – што вклучува линија/канцеларија за поддршка; национални, регионални, тематски и ад-хок форуми; фасилитација на граѓанските организации за водење кон артикулирање, планирање и подготовка на општестве-ни акции; и менторство за организации кои сакаат да ги подобрат своите можности;
    • Компонента 2: Финансиска поддршка (грантови) – вклучува четири типа грантови: институционални, акциски (за акциско учење, информации, комуникации, истражување и развој, набљудување, оценка и известување), мали (за локални општествени активности, практиканство и стипендии) и ад-хок грантови;
    • Компонента 3: Истражување – предвидува истражувачки активности во: 1) Областите на доброто владеење, децентрализацијата, општествени промени; 2) Индексот на граѓанското општество и неговата применливост за институционален развој и организациско јакнење; и 3) Трансверзални теми: родови прашања, меѓуетнички односи и миграции.