ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
Име на проектот: | „Да учиме за климатските промени“ |
Локација: | Општина Струга, Охрид и Дебар |
Опис на задачата: | Избор на оператори во Младинските Инфо центри за климатски промени во Охрид, Дебар, и Струга, во рамките на Проектот „Да учиме за климатските промени“
|
Време на траење на активноста: | 16 месеци |
Краен рок за аплицирање: | 25.04.2025 |
Локација на Проектот:
Локацијата на Проектните активности е во Општините Струга, Дебар и Охрид.
Позадина
“Истражување за знаењата, ставовите и практиките во врска со климатските промени и животната средина” на УНИЦЕФ ги мери општите познавања на граѓаните на Северна Македонија за климатски промени, разбирањето на самиот термин, и влијанието на климатските промени врз општеството, и ставовите кон климатските промени, степенот на загриженост за проблемот, перцепцијата за значењето на активностите кои можат да бидат критични во борбата против климатските промени и спремноста на испитаниците да преземат акции за решавање на проблемите. Истражувањето покажува дека најголемиот дел од граѓаните (73%) се загрижени за климатските промени и негативното влијание врз квалитетот на живот на децата. Резултатите укажуваат на посебна загриженост на младите во споредба со другите возрасни групи – помладите испитаници имаат поголема мотивација за вклучување во активности за заштита на животната средина, додека најактивната категорија на граѓани кои земале акции се испитаниците во возраст од 15 до 18 години. Истражувањето на УНИЦЕФ „Предностите на пристапот насочен кон децата при прилагодувањето на климатските промени“ покажува дека климатските промени и влијанието врз природните и човечките ресурси ги загрозуваат можностите за развој на човештвото. Земјите во развој, се соочуваат со ниска отпорност од шоковите и се најсилно погодени од климатските промени.
Истражувањето на UNDP „Зголемување и значаен младински ангажман за климатски акции“ го истакнува значењето на учеството на младите во процесите на одлучување, пропратено со јакнење на нивната моќност и градење на партнерства помеѓу младите и возрасните при носењето одлуки. Според податоците, на младите треба да им се овозможи системски пристап во процесите на носење одлуки и да се креираат можности за споделување на моќта со возрасните, за институционално влијание и креирање одговори за климатските промени.
Земајќи ги предвид наодите од ситуационата анализа, проектот се фокусира на три сегменти, односно: 1) јакнење на свесноста и разбирањето кај децата и младите за значењето на климатските промени и нивното влијание врз природата, животната средина и квалитетот на човековото живеење, 2) градење на капацитетите на младите за вклучување во процесите на планирање и носење на одлуки на локално ниво и учество во активно обликување на заедницата, и 3) поддршка на младински иницијативи и акции во заедницата како добри пракси и примери за намалување на штетните влијанија од климатските промени во локалната средина. Проектот ќе ги решава идентификуваните проблеми преку едукативни и информативни активности, градење на капацитетите за застапување и активна младинска вклученост во процесите на планирање и носење на одлуки на локално ниво, и градење на капацитетите на младите за управување со проекти и вклучување во локални проектни акции за заштита на природата. Структуриран на овој начин, проектот претставува иновативен начин за образование и активирање на младите во локалната заедница, за решавање на системски проблеми поврзани со животната средина и климатските промени.
Опис на задачата на овај повик
Операторите на Младинските Инфо центри за климатски промени во Охрид, Дебар, и Струга ќе имат задача да работат во Младински Инфо центри за климатски промени во својот град 56 часа месечно, односно 7 работни дена во месецот во период од 16 месеци (вкупно 112 работни дена).
Основните задачи се:
- да ги кординираат активностите на Младинскиот Инфо центар за климатски промени
- да собират информации од соработниците и да ги доставуваат до заинтересираните страни
- да водат евиденција на посетителите, обуките, работилниците и активностите на Младинските Инфо центри за климатски промени
Операторот ќе ги доставува месечните извештаи до проектниот координатор во секоја Општина и целокупната документација треба да биде на Македонски јазик или Албански јазик.
Плаќање, патувања и други придружни трошоци
Финансиската понуда ќе биде изразена во македонски денари за работен ден и ќе вклучува патувања и други пропратни трошоци. Понудувачот се очекува да работи во Младинските Инфо центри за климатски промени кои ќе се отворат во рамките на проектните активности.
Потребни кфалификации за понудувачот
За да може да биде ангажиран лицето треба да има искуство во работа со Невладиниот сектор во општината за која аплицира. За таа потреба да испрати ЦВ и мотивационо писмо од неговиот досегашен ангажман.
Процедура за евалуација на најдобра понуда
Договор ќе се склучи со кфалификуваниот кандидат – експерт со најниска понудена цена.
План за плаќање
Плаќањето за ангажманот ќе биде на двомесечна основа, во зависност од деновите искористени во тековниот период, а после доставувањето на доказ за спроведените активности и бараните извештаи до проект координаторот.
Како да се аплицира:
За аплицирање испратете е-маил со Ваше Цв, придружено со финансиска понуда која ви ја испраќаме во пакет со описот на е-маил:
- greencenter_struga@yahoo.com.mk ( за оператор во Струга)
- contact@cscd.org.mk ( за оператор во Дебар) и
- greencentreohrid@gmail.com ( за оператор во Охрид)
Понудите треба да бидат испратени најдоцна до 25.04.2025 година – до 17.00ч со назнака ,, Избор на оператори во Младинските Инфо центри за климатски промени во Охрид, Струга и Дебар (Во заграда за која Општина е понудата и име на понудувачот)“
Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации или прашања можете да поставите на горенаведените контакти.
03_2025_Baranje br.3 Администратор МИЦ