ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ
Понуди за простор за Младински Инфо центар за климатски промени Во Охрид, Струга и Дебар во рамките на Проектот „Да учиме за климатските промени“
бр. 2/25
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
Име на проектот: | Да учиме за климатските промени – Let’s learn about climate change! |
Локација: | Општина Струга, Охрид и Дебар |
Опис на задачата: | Цел на активноста е изнајмување на Простор за Младински Инфо центри за климатски промени Во Охрид, Струга и Дебар
|
Време на траење на активноста: | 01.05.2025 – 31.08.2026 (16 месеци) |
Краен рок за аплицирање: | 25.04.2025 |
Локација на Проектот:
Локацијата на Проектните активности е во Општините Струга, Дебар и Охрид.
Позадина
“Истражување за знаењата, ставовите и практиките во врска со климатските промени и животната средина” на УНИЦЕФ ги мери општите познавања на граѓаните на Северна Македонија за климатски промени, разбирањето на самиот термин, и влијанието на климатските промени врз општеството, и ставовите кон климатските промени, степенот на загриженост за проблемот, перцепцијата за значењето на активностите кои можат да бидат критични во борбата против климатските промени и спремноста на испитаниците да преземат акции за решавање на проблемите. Истражувањето покажува дека најголемиот дел од граѓаните (73%) се загрижени за климатските промени и негативното влијание врз квалитетот на живот на децата. Резултатите укажуваат на посебна загриженост на младите во споредба со другите возрасни групи – помладите испитаници имаат поголема мотивација за вклучување во активности за заштита на животната средина, додека најактивната категорија на граѓани кои земале акции се испитаниците во возраст од 15 до 18 години. Истражувањето на УНИЦЕФ „Предностите на пристапот насочен кон децата при прилагодувањето на климатските промени“ покажува дека климатските промени и влијанието врз природните и човечките ресурси ги загрозуваат можностите за развој на човештвото. Земјите во развој, се соочуваат со ниска отпорност од шоковите и се најсилно погодени од климатските промени.
Истражувањето на UNDP „Зголемување и значаен младински ангажман за климатски акции“ го истакнува значењето на учеството на младите во процесите на одлучување, пропратено со јакнење на нивната моќност и градење на партнерства помеѓу младите и возрасните при носењето одлуки. Според податоците, на младите треба да им се овозможи системски пристап во процесите на носење одлуки и да се креираат можности за споделување на моќта со возрасните, за институционално влијание и креирање одговори за климатските промени.
Земајќи ги предвид наодите од ситуационата анализа, проектот се фокусира на три сегменти, односно: 1) јакнење на свесноста и разбирањето кај децата и младите за значењето на климатските промени и нивното влијание врз природата, животната средина и квалитетот на човековото живеење, 2) градење на капацитетите на младите за вклучување во процесите на планирање и носење на одлуки на локално ниво и учество во активно обликување на заедницата, и 3) поддршка на младински иницијативи и акции во заедницата како добри пракси и примери за намалување на штетните влијанија од климатските промени во локалната средина. Проектот ќе ги решава идентификуваните проблеми преку едукативни и информативни активности, градење на капацитетите за застапување и активна младинска вклученост во процесите на планирање и носење на одлуки на локално ниво, и градење на капацитетите на младите за управување со проекти и вклучување во локални проектни акции за заштита на природата. Структуриран на овој начин, проектот претставува иновативен начин за образование и активирање на младите во локалната заедница, за решавање на системски проблеми поврзани со животната средина и климатските промени.
ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
Цел на активноста е изнајмување на простории за отварање на канцеларии за функционирање на Младински Инфо центри за климатски промени во Охрид, Струга и Дебар.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Периодот за реализација на оваа активност е согласно временската рамка усвоена во Проектот „Да учиме за климатските промени“ во периодот од 1.05.2025 до 31.08.2026 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
При пријавувањето, компаниите треба да достават:
- Финансиска понуда изразена во МКД.
- Фотографии од понудените простории
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
Просторите кои ќе бидат понудени за изнајмување треба да бидат со големина од 25-50 м2 и да ги има следните услови:
- Приклучок на електрична енергија
- Телефонска врска и интернет
- Санитарен чвор
- Компјутерска опрема (компјутер, штампач и видео бим)
- Канцелариска опрема (работно биро и мин. 4 столици)
ОЦЕНКА НА ПОНУДИТЕ
За оценка на понудите ќе се формира комисија која ќе ги разгледа и оцени понудите. Понудите кои ги исполнуваат горенаведените услови че бидат оценувани само по критериумот за финансиска понуда. Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој ќе биде оценет како најповолен.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на
- greencenter_struga@yahoo.com.mk ( за простор во Струга)
- contact@cscd.org.mk ( за простор во Дебар) и
- greencentreohrid@gmail.com ( за простор во Охрид)
Понудите треба да бидат испратени најдоцна до 25.04.2025 година – до 17.00ч со назнака ,,Изнајмување на Простор за Младински Инфо центри за климатски промени (Во заграда за која Општина е понудата и име на понудувачот)“ Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации или прашања можете да поставите на горенаведените контакти.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА
Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.
Обнразецот за понуда се превземува тука
ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА02_2025_Образец за понуда