🚶‍♂️🌄

На 30 јуни беше организирана првата прекугранична заедничка патрола во заштитениот планински масив Шар-Кораб – кај граничната пирамида бр. 9, во регионот на планината Веливар, во рамки на Националниот парк Маврово и Заштитената зона Кораб-Коритник, во близина на населените места Рабдишт (Албанија) и Жировница (Северна Македонија).

🔍 Целта на патролата беше да се зголеми ефикасноста во надзорот и целосното мониторирање на прекуграничните заштитени зони, како и подобро откривање и спречување на незаконски активности. Патролата ги координираше напорите за заштита на екосистемите кои се протегаат преку двете земји.

👥 Во патролата учествуваа претставници од институциите на двете земји – чувари и стручњаци од Националниот парк Маврово, Националниот парк Шар Планина, Природниот парк Кораб-Коритник, гранична полиција, пожарникари и локални чувари од околните села.

🚶‍♀️🚶‍♂️ Тимот од Северна Македонија тргна од пасиштата кај с. Жировница со пешачење над 10 км, а албанскиот тим од кај бачилата на Илница до пасиштата над с. Рабдишт – околу 8.5 км. По средбата, патролата продолжи со дрон и двоглед, мапирајќи и запишувајќи знаци на нелегално берење на лековити растенија, прекумерна паша, нелегални премини од туристи, чаури од лов, и други интервенции од мештани.

🔭 Забележана беше и појава на дива коза, мечка, срна, орел, како и нивните најчести коридори. Истовремено беа евидентирани и критични зони со ризик од пожари.

🔁 Средбата заврши со размена на информации, искуства и потребата за постојана координација. Албанската страна доби задача да ги засили контролите во пунктовите за собирање лековити растенија – особено за заштита на листовите од боровинка, корените од салеп, и примулата.

📅 Следни заеднички патроли ќе се реализираат во периодот јуни – септември 2025.

🌍 Активноста се реализира во рамки на проектот „Заштита и одржливо користење на заштитените подрачја на Шар Планина, Маврово и Кораб-Коритник“, финансиран од PONT – Prespa Ohrid Nature Trust, имплементиран од ALCDF во партнерство со CSCD и ЛАГ Туристичка Дебар.

#ШарКорабПатрола #ПрекуграничнаСоработка #ЗаштитаНаПриродата #ОдржливРазвој #PONT #ALCDF #Маврово #КорабКоритник #ЗаштитениПодрачја