ЗА 2019 ГОДИНА

 

1.СТРАТЕШКА ЦЕЛ

Програмата на Општина Дебар за одржување на јавната чистота е насочена кон одржување на јавната чистота на јавните површини и на отворените простори на јавните објекти, заради обезбедување на поквалитетни услови за живот на граѓаните и почиста животна средина во општината.

П.ЦЕЈ1И НА ПРОГРАМАТА

Општа цел на Програмата е да се обезбеди редовно чистење (метење и миење) на јавните повшини и отворените простори на јавните објекти, како и чистењето на снегот и мразот (од тротоа

рите и отворените простори на јавните објекти ) во зимски услови.

Со оваа програма:

-Се утврдува територијата и фреквенцијата за одржување (метење и миење)на јавните површини и отворените простори на јавните објекти;

-Се утврдуваат основните начини на вршење на работите за одржување на јавната чистота; -Се утврдува надзор во спроведувањето;

-Се утврдува начинот на фин


ш.преДмет на програмата
ансирање.

Одржување на јавната чистота на територијата на Општина Дебар ќе ги опфати: јавните површини (улици, тротоари, пристапни патишта, плоштади и уредени отворени простори, паркинг простори, автобуски стојалишта и такси станици, јавни санитарни јазли)

Одржувањето на јавната чистота во парковските површини и градско зеленило не е дел од оваа Програма, туку дел од Програмата за одржување и уредување на градското зеленило.Освен изнесувањето.транспортирање на сметот;

Во спроведувањето на Програмата се изведуваат следните активности:

-рачно метење на јавните површини,

-машинско чистење на улиците од наноси на земја после врнежи од дожд,

-миење на јавните површини со цистерна,

-собирање и транспортирање на отпадот од одржување на јавната чистота и негово транспортирање на општинската комунална депонија,

-рачно чистење на снегот и мразот (од тротоарите и отворените простори на јавните објекти ) во зимски услови.

Согласно програмата ќе се врши метење на: улици, паркинг простори,плоштади, пристапни патишта кон градот, јавни санитарни јазли, автобуски стојалишта и такси станици, миење на улици и паркинг простори, рачно чистење на снег и мраз во зимски услови; со вкупна ефективна површина на одржување од 56.400,00 м2.

комплетна програма

Programa za odrzuvanje na ЈАВНА ЧИСТОТА 2019год.