На 15 јули во Хотел ,,Леон“ во Дебар се одржа работилница sajber1во која учествуваа,  Сајбер ангел чуварите од  сите училишта од сите 3 општини опфатени со проектот (Општина Дебар, центар Жупа и Маврово-Ростуше). Во агендата на работилницата беа предвидени низ активности кои беа реализирани преку соодветни активности. Една од основните активности беше дизајнирање на мрежата за која беше предвидена посебна мрежа во која се вклучија сите ученици Ангел сајбер чувари и нивните ментори како и  администраторите на центарот за обезбедување од сајбер насилство.Другите активности пред се бе реализирани со вежби за подигање  на знаењата оклолу мрежното организирање, тимското работење, методологијата на работа во мрежата.Ос аспект на техничко организирање беа дефинирани и мандатите на сајбер ангелите како и  мандатот на менаџерот на мрежата и координаторите.Сите овие податоци бе презентирани и вметнати во правилникот за работа на мрежата кој ќе биде ставен во процесна надградба според искуствата кои ќе се добиваат во текот на работата со мрежата.

 

Место на одржување и присутни учесници: Хотел ,,Леон“ во Дебар, учествуваа учениците ангел чувари и нивните ментори, администраторите и лицата предавачи во работилницита од редовите на организациите спроведувачи на проектот-вкупно 24 учесници.

РЕЗУЛТАТИ ОД АКТИВНОСТА: Дизајнирана мрежа, обучени и нформирани  сите учесници во мрежата (24) оклолу тематиката ,,мрежното организирање, тимското работење и методологијата на работа во мрежата, но истовремено во работилницта беа  дефинирани  мандати на сајбер ангелите како и  мандатот на менаџерот на мрежата и координаторите во мрежата.