Покана
Почитувани
Центарот за одржлив развој на заедницата-Дебар(ЦСЦД-Дебар),во рамките на реализацијата на своите програмски активности организира трибина на тема ,,Состоjбата со невработеноста на младите во општина Дебар, дефицитарни и суфицитарни кадри млади кадри,проблеми и предизвици ,, на трибината учество ќе земаат претставници на бизнис секторот во градот,како и претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Трибината ке се одржи во просториите на општина Дебар (1 кат) на 23.03.2016 (среда) со почеток во 12 часот.
Ве молиме поради ограничениот број на присутни,вашето учество да го потврдите на телефоните 070/306-651 и 070/306-652
Со почит
ЦСЦД-Дебар
18.03.2016 Дебар
АГЕНДА
12:00-12:10 Отварање на трибината
–Модератор г-дин Шуип Марку
12:10-12-30 Презентација на анализата за состојбите со квалификуванкадар во општина Дебар и каков кадар и потребен според потребите набизнис секторот во општината.
Г-дин Гоце Љубиновски ЦСЦД-Дебар
12:30-12:50 Осврт за моменталната економска ситуација во градот на г.дин Ролан Пахуми -Претседател на регионалната стопанска комора за
Дебар и Центар Жупа.
12:50-13:05 Презентација на успешна бизнис приказна од општината
Г-ѓа Спреза Цапа – Менаџер на бањскиот комплекс Дебарски бањи –Цапа.
13:05-13-20 Осврт на претставник од АВРМ ,кратка презентација на
програмите за вработување на млади кои во моментов младите можат да ги искористат.
13:20-13-45 Дискусија
13-45 Коктел