Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, а во рамките на Платформата за инвестирање во заедницата, организираше Отворен ден за собирање средства преку маратонот со цртежи. Учествуваа 102 ученици и студенти со цртежи, изразувајќи го својот талент и истовремено дарувајќи ги своите дела. На Аудицијата учествуваа над 80 граѓани, каде граѓаните купија значителен број цртежи, со што се собраа 19.310 денари, кои ќе бидат донирани. Им благодариме на сите учесници, професори-ментори, Центарот за култура и Дневниот центар за деца со посебни потреби. На лицата со посебни потреби им посакуваме добро здравје , со надеж дека општеството ќе работи што е можно повеќе да им го олесни животот .