ЗдружениеЦентарзаодржливразвојназаедницатаДебар (CSCD) во рамките на проектот “Заедно за чист Дебар”на ден 21.02.2020 год. ( петок ) часот во кафетеријата ,,ЛИБУРН“ Дебар одржа:
,, Јавна дебата за проблемите, предизвиците и учеството на граѓаните во чувањето и грижата за животната средина во градот Дебар“
На настанот присуствуваа преставници на локалната власт, советници , професори, студенти, преставници на градските и општинските месни заедници, заинтересирани граѓани и друго.
За проектот “Заедно за чист Дебар,, на присутните им одржа презентација г-дин Шуип Марку, кој во неколку детали им ја објасни целта и активностите на проектот.
На присутните исто така им се обрати г-дин ФЛИН ПОЛАРД ( Flynn Polard – (Волонтер на Мировниот Корпус) кој ги информираше присутните со последиците кои произлегуваат како резултат на загадувањето на почвата од тешко разградливите загадувачи и како заедницата да се справува со нив.
Во настанот се дискутираше и за моменталните проблеми со животната средина во општината и регионот.
На крај од настанот беше презентирана електронската платформа со која присутните беа запознаени како ќе функционира платформата и која е основната цел на истата.
Сметаме дека со ова јавна дебата ќе се придонесе во поголема мера во одржување на чистотијата на градот затоа што механизмот е доста прифатлив и дава можности без никакви проблеми јавно да се соопштуваат сите проблеми со животната средина во општина Дебар