Во понеделникот на 28 јануари, советникот за култура и соработка, г. Емануел Рембер, оствари средба со претставници на здружението „Центар за одржлив развој на заедницата Дебар” (CSCD) и присуствуваше на кошаркарски натпревар со учество на заедниците, поддржан од амбасадата на Франција како дел од нејзината програма наменета за граѓанското општество. Четворицата градоначалници, партнери на проектот, од Дебар, Маврово-Ростуше, Центар Жупа и од Вевчани – се здружија околу спортот, младоста и фер играта.
—–
Le conseiller culturel et de coopération, M. Emmanuel Rimbert, a rencontré le lundi 28 janvier les représentants de l’association de développement de Débar (CSCD) à l’occasion d’un match de basketball intercommunautaire soutenu par cette ambassade dans le cadre de son programme d’aide à la société civile. Les quatre maires partenaires du projet – Debar, Mavrovo-Rostuše, Centar Żupa et Vevčani – étaient ainsi réunis autour du sport, de la jeunesse et du fair-play.