Здружението Центар за одржлив развој на заедницата и општина Дебар потпишаа меморандум за соработка за следење и заштита на животната средина, кој опфаќа следење од воздух со дрон, размена на информации и материјали за подигање на свеста, како и меѓусебна поддршка во еколошки акции во рамките на проектот Ekon Drone Patrol финансиран од Американската амбасада.
Зачувувањето на животната средина е приоритет на двете страни и се планира соработката да биде долгорочна.