Сајбер ангел чувари – безбедност на децата на социјалните мрежи и интернет,од злоупотребата на личните податоци.


 

Наслов на проектот Сајбер ангел чувари – безбедност на децата на социјалните мрежи и интернет,од злоупотребата на личните податоци.

 

Времетраење на проектот  

01.07.2015- 30.06.2016

Цел и краткорочни цели   Главна цел на проектот е заштита и едукација на младите од  злоупотребата на нивните лични податоци преку социјаните мрежи (со посебен аспект на малолетниците).

Краткорочни  цели на овој проект се:

– Едуцирање на младите  и зајакнување на нивните капацитети во справувањето со злоупотеребата на личните податоци преку социјалните мрежи интернет.

– Подигнување на свеста кај младите и нивните родители за последиците од злоупотеребата на личните податоци преку социјалните мрежи.

– Превенција на младите од злоупотеребата на личните податоци преку социјалните мрежи.

-Креирање на регионална мрежа како заштитен механизам за превентива од злоупотреба  на младите на интернет.

Партнер(и) Фондација ,,Метаморфозис ,, -Скопје

ЗГ ,,Бистра,, – Маврово Ростуше

Целна група – Деца и млади од општините Дебар,Маврово-Ростуше и Центар Жупа.

– Основните и средните училишта во регионот

– Граѓани кои се жртви на од наведената проблематика

– Родители

-Медиуми

Локација Регионот на општините Дебар,Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Очекувани резултати – Едуцирани млади кои ке имаат зајакнати капацитети во справувањето со злоупотеребата на личните податоци преку социјалните мрежи.

– Подигната свест кај младите за последиците од злоупотеребата на личните податоци преку социјалните мрежи.

– Обезбедена превенција на младите од злоупотеребата на личните податоци преку социјалните мрежи.

-Функционирање на Центар за едукација и превентива за безбедност на интернет

-Формирана  екипа Сајбер ангели Чувари од 16 лица за подршка на младите за безбедно користење на интернет

Главни активности -Кампања за информирање на јавноста (флаери , видео спот)

-креирање на регионална мрежа за безбедност на интернет (16 -САЧ-сајбер ангел чувари, 2 ментори,

-Центар за безбедност на интернет,

-Обука за Сајбер ангел Чувари

-Трибини за подигање на свеста за заштита од злоупотреба на интернет (4 во 4 училишта)

-Проекција на филмови за безбедност на интернет (во училиштата)

-Информативни денови за промоција на Сајбер ангел Чувари

-Функционирање на Центар за безбедност на интернет

-Завршна трибина со презентација на резултатите

-Дежурна телефонска Линија за помош жртви од интернет насилство.

Очекувано долгорочно влијание -Функционирање на Центарот за безбедност на интернет и после завршување на Проектот, како заеднички центар на сите три партнери.

-Воспоставување на практика за функционирање на системот со Сајбер ангел чуварите и после завршување на проектот со подршка на Центарот и училиштата.

-Со помош на Фондацијата Метаморфозис  и локалните партнери ,континуирано ќе се информираат младите  се сите новитети и алатки за превенција и едукација од интернет насилство.

11