Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар (CSCD), како корисник на институционален грант во рамките на Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници(МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски подржан од Владата на Шведска објавува:
ПОВИК ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ
Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар (CSCD), ве повикува да пристапите кон ,,Младински центар за климатски промени“ кој ќе биде мрежа на доброволно здружување на Граѓански здруженија, локалните институции а и на поединци, заради адресирање на заеднички потреби, остварување на заеднички интереси и/или постигнување заеднички цели. Овие цели не мора да вклучат само размена на информација или координација, но и преземање заеднички акции за остварување општествени промени.
Име на проектот ,,Младински центар за климатски промени„
Главни цели: се:
-Градење на капацитетот на Центарот за одржлив развој за работа со проблемите на Климатските проблеми
-Градење на меѓуопштинска мрежа на еколошки здруженија кои ќе работат на климатски промени, со цел заедничко застапување и практични акции
-Градење на капацитето на заедниците за истражување на климатските промени преку обуки на млади истражувачи на климатските промени
Бидејќи последиците од климатските промени не се локализирани односно (не може една организација сама да ги реши ) и опфаќат цели региони одлучивме да формираме мрежа на Граѓански Здруженија, Институци и комунални претпријатаија поврзани со животната средина помеѓу општини кои непосредно регионално се поврзани.
Целта на мрежата : Причината за формирање на една ваква мрежа лежи во на се поголемото лошо влијание на климатските промени врз квалитетот на животот, здравјето на луѓето и во штетите кон растителниот и животинскиот свет.
Мрежата ќе помогне да се унапреди влијанието на граѓанскиот глас во процесот на застапување за политики за унапредување на владеењето, чување на животната срединаи и слично. Исто така, мрежите може да ги поврзат давателите на услуги (институциите) преку размена на информации и ресурси или, пак, да развијат координиран систем за давање на тие услуги.
Кои мој може да пристапи кон мрежата?
Граѓански здруженија, институции комунални претпријатаија и од општините: Дебар, Струга, Маврово-Ростуше и општина Центар Жупа
Мрежата ќе биде неформална и базирана на доброволно здружување на Граѓанските здруженијата, институцииите а и на поединци од регионот
Членките кои ќе пристапат кон мрежата ја задржуваат својата основна автономија, нивниот сопствен идентитет, како и својата мисија и работење.
Со почит,
ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА – ДЕБАР