foto

Здружение Центар за одржлив развој на заедницата (CSCD) поагајќи од основното уставно

право според кое Секој човек има право да живее во чиста и здрава животна средина,јавно

реагира за состојбата во градската депонија во Дебар..

Граѓаните на Дебар секој ден се трујат од чадот кој доаѓа од градската депонија, каде

секојднено горат отпадоците од сите видови отпадоци , особено пластичниот отпад кој во

ваздухот испушта канцерогени честички, кои се многу опасни за здравјето на луќето и

животната средина.

Здружението Центар за одржлив развој на заедницата (CSCD) бара од надлежните локални

и централни институции УРГЕНТНО да превземаат мерки за заштита на здравјето на

граѓаните кои живеат во територијата на градот Дебар и тоа:

1. Ургентно да се гаси горењето на депонијата

2. Да се покрива со земја целиот отпад кој е изложен кон атмосферсикте влијаниja и е на

дофат на кучињата скитници.

3. Да се прегради депонијита

4. Да се поткопуваат животните остатоци и умрените животни во посебни јами за да се

спречува раширувањето на болестите

5. Да не се продолжи договорот за увоз на отпадоците од соседните општини додека не

се создават услови за адекватно третирање на истите.

6. Да се започнува со делумно селектирање на отпадоците, почнувајќи од пластичниот

отпад, како најопасен за здравјето при горење.

7. Во градот да се постават мерни станици за квалитетот на воздухот со цел да се

предупредуватат граѓаните за заштита од загадениот воздух.

Здружение Центар за одржлив развој на заедницата (CSCD) во последните години редовно

има превземено активности за подигање на јавната свест и поттикнување на локалните

институции за иницирање на иновативни методи за заштита на воздухот од канцерогени

Апелираме кај граѓаните да бидат претпазливи и по можност да превземат заштитни мерки и

да не се изложуват во загаден ваздух, особено во вечерните и утринските часови кога

загадувањето е најголемо.

Доколку институциите не превземат мерки и не одговарат на нашите барања, ќе се превземат

дополнителни активности за организирање на граѓаните за барања на своите основни,

уставно грантирани права за живеење во чиста и здрава средина, преку граѓанските форми на

учество загрантирани со закон.

Здружение Центар за одржлив развој на заедницата (CSCD)

www.cscd.org.mk

contact@cscd.org.mk

tel. 046835106

civicanew