се случува на 15 и 16 декември во Скопје. Над 60 учесници од членките на најголемата еколошка коалиција овие два дена дискутираат за приоритетите и планираат активности за климатска акција.
Во текот на денешниот ден се договорија клучни позиции за енергетската транзиција и климатска акција кои ќе бидат дел од патоказот за енергетска и еколошка трансформација на нашата земја.
Коалицијата за клима е мрежа на граѓански организации која активно учествува во процесите на носење закони и стратегии. Истовремено, со помош на грантовата програма на Еко-свест, организациите спроведуваат локални проекти за подобрување на состојбите со животната средина.
Овогодинешната средба е овозможена преку поддршката од Кралството на Шведска, за што сме искрено благодарни! Проектот Граѓанските организации во акција за климатските промени го спроведува Еко-свест во партнерство со МЗМП и CNVP.