Кога на престижен форум , пред стотици граѓански активисти еден висок преставник на власта ќе
призне дека континентот на кој припаѓаме не е во состојба да споделува креативни решенија
треба да знаеме дека е време да се преземе акција. Премиерот на Р Албанија, Еди Рама во своето
обраќање на Алфорумот 2025 порача дека поголемиот дел во светот е заинтересиран за дијалог и
соработка.
„Нема многу простор да се прашува за конверзација што мора да се отвори за некои поинакви
патеки за разбирање и може д помогне да се сфати дека повеќе не живееме на континент чии
корени се потпираат на неговиот сентимент на доминација. Повеќе не сме континент чие
најголемо споделување е креирање ,континент каде водечките процеси во многу аспекти беа
полоши ? а денес нашиот континетн и не само нашиот континент туку и 12 проценти од светот
делат останатото е 88 проценти и остаток е се повеќе заинтересиран за дијалог и соработка. “
–рече премиерот на Р. Албанија , Еди Рама.
Арогантните европејци направија голема грешка затоа што мислеа дека својата методологија ќе
му ја наметнат на целиот евромедитеран. Но предупредува Мигел Анхел Моританос, заменик
генерален секретар, висок преставник на УНАОК и специјален пратеник на ОН за борба против
исламофобија, ако сакаме да постигнеме партнерство мора да почнеме заедно и да имаме
колективна медитеранска. Тој е дезигниран затоа што граѓанските организации не го кренат гласот
за мир во Газа, Украина, Иран и Израел.
„Мораме да идентификуваме кои ни се предизвиците во иднината, а првото е мирот. Ние
користиме зборови како мир,селам, шалом итн. ама не го практикуваме тоа. Во светот во кој
живееме денес, во војна, во многу неприфатлива ситуација, , јас не гледам, јас не слушам
гласот на мирот. Не гледам дека вие луѓе одите на улиците да ја прашате државата за мир , за
мир во Газа, за мир во Украина, за мир во Иран и за мир за Израел“ – вели Анхел Моританос.
И не е само да се крене гласот, туку и да се надминете себе си особено ако сте на некоја висока
позиција, затоа што мирот можат да го воспостават само лидерите, моќта е во нивните раце
порача Младен Иваниќ, претседател на претседателството на БиХ. Го сподели своето искуство
како србин чија прва задача била да ја предводи делегацијата од својата земја на исламската
конференција во Техеран. Го исмевале но тој се водел од интересите на државата.
„Значи србин да биде таму и не можете да замислите колку силно бев критикуван. Носев
наоќари во тоа време и направија слики како да сум Јасер Арафат со шамија и наочари. Но ако
е твоја задача и ако се работи за твојата држава само преставувај ја твојата држава. Беше голем
предизвик за мене.“- раскажа Младен Иваниќ.
Алфорумот го живее вториот ден во духот на различните нации, религии , уредувања од регионот
на медитеранот обидувајќи се да даде одговори на многу прашања за подобра иднина на
генерациите што доаѓаат.
Фиљана Кока МТВ1, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар