Покана за учество на младите во иницијативата EmpowerHER

 

EmpowerHER преставува програма за подигање на капацитетот на младите за е-трговија и личен развој на руралните жени Иницијативата EmpowerHE

R! има за цел да ги поддржи жените од руралните области на општина Дебар, Центар Жупа, и Маврово Ростуше со адресирање на главните предизвици со кои се соочуваат. „EmpowerHER“ ви овозможува преку учество во обуките да постигнете: – Подобрување на вештините за е-трговија за да им се помогне на жените да продаваат производи и услуги преку Интернет. – Поддршка во личниот развој, вклучително и зајакнување на самодовербата, управување со времето и градење на вештини за кариера. – Овозможување пристап до ресурси и обука за подобрување на технолошките вештини и користење на дигитални платформи за маркетинг и продажба. Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар ги поканува младите да аплицират за учество во ова иницијатива опфаќа серија од обуки од 8 модули поделени на 21 работилници пополнувајќи го формуларот во линкот онлине что следува подолу : https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf1MiHIG99tdgXJ6XT1-YYubucBUG9fqmRmvbDz_wVRoTMvEg/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0 Иницијативата се спроведува во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемачи и развој на менаџери Скопје. Мислењата изразени во формуларот им припаѓаат на авторите Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави. Ви благодариме што сте дел од овој проект и ве очекуваме да работиме заедно за зајакнување на жените во руралните области! Центар за одржлив развој на заедницата Дебар Септември 2024