Извештај од настан:
Наслов на настан : Дигитална телефонска апликација ,,ДИБРА ОН“
Локација: Зграда на Општина Дебар- Сала на Совет на општина
Време: 08.02.2023 13.00 – 14.30
Број на Учесници: 23 (15 машки и 8 женски)
Медиуми: МТВ 2 програма, Канал 3
Цел на Настанот: Презентација на телефонската апликација Дибра ОН
Центарот за одржлив развој на заедницата (ЦОРЗ) на ден 08.02.2023 година одржа јавна трибина, на
која се презентираше апликацијата ,,ДИБРА ОН“
Трибината се одржа во просториите на општина Дебар, сала за состаноци прв спрат со почеток 13.00
часот.
На трибината учествуваа 23 (15 машки и 8 женски) лица, градоначалник на Општина Дебар, г. Хекуран
Дука, Председател на Советот на општината г. Фуат Спахиу, советници на општинскиот совет,
преставници на ЈКП Стандард, преставници на граѓански здруженија, општинска администрацијаи
граѓани
Средбата ја отвори координаторот на проектот г-дин Шуип Марку и воедно претседател на
Центарот за одржлив развој на заедницата (ЦОРЗ) – Дебар, која го презентира проектот истовремено
даде широко објаснување за целите, очекуваните резултати и активностите на проектот, истотака
објасни дека апликацијата ДИБРА-ОН е изработена од страна на Здружението Центар за одржлив развој
на заедницата Дебар во рамките на активностите кои се дел од проектот „Поддршка на изборни
реформи”.
На присутните со свои излагања околу апликацијата им се обратија, градоначалникот на општина Дебар
г-дин Хекуран Дука и претседателот на Советот на општина Дебар г-дин Фухат Спахиу. И двајцата
говорници силно ја подржаа апликацијата и се изразија дека истата колку им е потребна на граѓаните во
иста мерка им потребна и на општинската администрација, бидејќи локалната власт ја доближува
поблиску до граѓаните и им дава можност да ја зголемуваат транспаретноста и отчетноста.
Г-ѓа. Адиса Мулареџа преставник на ИТК организацијата ,,Роттера,, , организација која ја
подготвуваша апликацијата го презентира техничката компонента на апликацијата, со давање на
инструкти за инсталирање во електронските уреди, користење на апликацијата.
После презентација се отвори дискусија околу апликацијата во која учествуваа неколку дискутанти со
своите предлози, на предлозите одговорија компетентните луѓе кои ја подготвија технички и
содржински апликацијата. Истотака учесниците дискутира и околу начинот на преносот на
информациите, потребите за дополнување и усовршување на истата.
Сите говорници беа согласни дека апликацијата има простор да се усоврши со тек на времето, и
тоа било од техничка страна или содржински, со одстранување и додавање на нови компоненти.
Предлозите од учесниците и одговорните на општинската администрација се сумира и истите во вид на
решенија ќе се достават до ИТК ,,РОТЕРА,, за усовршување на апликацијата.
Изјави од Учесниците:
Блета Села: Советни во Советот на општина Дебар
Апликацијата е многу атрактивна и потребна алатка преку која може да заштедиме време и многу лесно
да дојдеме до потребните услуги. Апликацијата со тек на времето треба да се прилагоди да биде
употреблива за сите возрасти на граѓаните, без разлика на степенот на образование на граѓаните.
Илбер Муладаути: граѓанин на општина Дебар- пензионер
Апликацијата во целина е многу добро спремена, но мислам дека е потребно дополнително
промовирање во разни медиуми, дури ако има потреба и за посебна едукација за примена на истата ( во

училиштата , институциите и др.) Посебно треба да се информират печалбарите односно емигрантите од
нашиот крај за да можат сами да реализират некои дигитални услуги
Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од
Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие
активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот .