На ден на 26 Јули  2018 година (четврток) т во ресторан „Колоњас“, Дебар се одржа регионална средба на општините и еколошките здруженија од регионот – Дебар, Струга, Центар Жупа и Вевчани, во рамките на проектот

,, ПОДОБРУВАЊЕ НА КООРДИНАЦИЈАТА И СОРАБОТКАТА НА ОПШТИНИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„

 

На средбата учествуваа преставници на Општините Дебар, Струга, Центар Жупа и Вевчани, , преставници на локалните јавни претпријатија, преставници од Граѓански организации и граѓански активисти. 

 

Извадоци и заклучоци од средбата:

Најпрвин за важноста на средбата зборуваше координаторот на проектот кој ја истакна потребата за искрена соработка помеѓу општините на Југозападниот регион со ГО од истиот регион.

Зборуваше пред учесниците во кратки црти за реализираните активности во досегашниот тек на проектот и за резултатите произлезени од самите активности.

Со средбата раководеше модераторот Ќенан Мимидиновски добар познавач на приликите со животната средина во регионот, кој со цел на ефикасно работење и да не се злоупотребуваат дискусиите за други цели предложи неколку правила за дискусија.

Според дневниот ред на средбата пред учесниците требаше да презентираат документи и успешни стории со еколошка проблематика што ги поседуваат општините и ГО од дотичните општини преку модераторите од 4 општини опфатени со проектот.

Берат Села модератор од општина Струга:

Модераторот пред се се фокусираше во документи односно активности што ГО од општина Струга ги реализирале во полето на животната средина во областа на општина Струга. Како најуспешна активност ја истакна мобилноста на целата јавност околу проблемот со градската депонија во Струга. Под притисок на општинската јавност беше принудена централната власт да реагира и за кратко време да изнаоѓаат привремено решење со градскат депонија се до изнаоѓање на подолготрајно решение со градба на една нова депонија која би ги задоволила потребите на регионот.Модераторот се осврна критички кон централнат власт која поради непознати причини издала околу 17 дозволи за отварање на каменоломи во подрачјето на општина Струга , неводејќи сметка за последиците од еколошка катастрофа. Го спомна успечниот пример со стопирање на еден каменолом во општина Битола кога мобилизирани граѓани го спречија отварањето на каменоломот и направи една дигресија како може во Струга да не се побунуваат за 17 а во Битола се крена цела јавност. Повеќе за документи од општината им даде можност да зборуваат преставници на општинската администрација односно 2 инспектори за животната средина.

Модераторот Астрит Крчишта имаше презентација за постоечките докуменети на општината и ГО организација  од општина Дебар. Во прилог ја имаме целата презентација од која ќе бидат издвоени препораки и сугестии. Вреди како по важни еколошки проблеми да се истакнат : Концесијата со Дебарското Езеро и проблемот со градската депонија, и поседувачи на Б- еколошки дозволи во општина Дебар ( другите документи со еколошка тематика се наведени во презентацијата)

Модератор Фехми Скендер: како модераторна општината Ц. Жупа во својата презентација пред се се фокусираше во активности на општината бидејќи многу малку ГО има во општината Центар Жупа. Фехми истакна за програмите за зелените површини, проблемот со дивите депониии со други документи и активности кои се елаборирани во презентацијата (имаме прилог презентацијата)

Модератор од Вевчани Марјанчо Парталоски: Пред се се осврна на проблемот со Вевчанската река која во едно преставува туристичка атракција.Реката се загадува од несвесните жители на Вевчани. Спомна исто така за диво сечата во блиските шуми кои го зголемуваат можноста за лизгање на земјата односно стварат ерозивни зони.Ги има и дивите депонии со кои се борат општинските инспектори

Дискуссија со учесниците:

  • Фадрија Мустафоска дискутираше за неисправноста на некои маалски чесми во аспект на билошка исправност адресирано до преставник на ЈКП ,,Стандард,, Дебар

Реплицираше преставникот на ЈКП ,,Стандард,, Дебар Омер Цами, кој истакна дека за таквите чешми се под надзор на Едпидемичниот завод  Охрид со преставништво во  Дебар кои земат примероци за испитување и потоа даваат налог за исправност на водата за пиење.  Преставникот на ЈКП се жалеше за неможноста да ги задоволуваат потребите на граѓаните со пиечка вода во летните месеци кога има инвазија на домашни емигранти и дека тоа се должи на ниската наплата за вода и ѓубрарина, и дека свеста на граѓаните во таа насока е многу ниска, дека нема инвестиции без квалитетна наплата.

Преставник советник на Советот на општина Дебар од редовите не партијата ,,БЕСА,, додаде дека ГО треба да бидат по истрајни и повеќе отчет  и транспаретност да барат од ЕЛС на општините опфатени со проектот

Преставник на општина Струга инспектор по животна средина кажа дека соработката помеѓу ГО и Локалните самоуправи треба да се зголеми и дека граѓанските организации заедно со граѓаните да бидат ,,по агресивни,, во барањата за решвање на проблемот, додека општините да бидат уште ,,по агресивни,, во барањата од централната власт односно соодветните министерства,

Поздравен говор и елаборација на програмата од ГЕФ односно програмата за мали грантови одржа и координаторот на ГЕФ за Македонија г-дин Зластко Самарџиев.

 

Препораки и сугестии произлезени од состанокот:

  • Општините да бидат потворени кон ГО, и истовремено да барат повеќе помош од страна на Централната власт
  • ГО да бидат ,,по агрсивни ,, во реализација на нивните барања
  • Предло имаше во иднина во ваквио регионални проекти да се опфаќа и општина Ростуше-Маврово бидејќи има многу влијание во еколошките процеси во регионот , посебно преку реката Радика која се влива во Дебарското езеро
  • Апел за запирање на доделување концесии за економско користење на Дебарското езеро
  • Граѓаните во вакви општествени проблеми да се активираат повеќе
  • Потреба за подигнување на општинското меѓурегионално разбирање и доверба во проблеми од регионален карактер
  • Нема јаснни критериуми во соработката помеѓу Централната власт и локалната власт кога се работи за компентенции во одредени области( посебно доаѓа до израз во доделување на концесии за отварање на токи за дробење на каменот ,,Каменоломи,, во општина Струга , а помалку и во другите општини
  • Сите општини имаат желба за соработка само недостасува практично дејствување
  • Во Центарв Жупа има многу малку ГО од тука потребата за активирање на граѓанскиот потенциал во ова општина фда се организираат и да формират ГО здруженија кои ќе бидат коректот и ,,соработни,, на локалната власт, а не да и го остават на општината да ги ,,практикува,, и двете функции.
  • Општина Жупа доста е активна во заштита на животната средина
  • Општина Вевшани нема никакви предрасуди и појавува отвореност со другите општини во регионот .
  • Општините треба да соработуваат повеќе и заеднички да конкурираат во големи проекти со средствата на Европската Унија.
  • Општините да се помагат со искуства едни на други во тие сегменти каде што биле успешни
  • Општините и ГО организации да разменуваат документи и материал поврзани со животната средина

 

на ден: 26 Јули  2018 година

Дебар