и креирање стратегија за десиминација и
усовршување на истата
Центарот за одржлив развој на заедницата (ЦОРЗ) на ден 30.03.2023 година одржа завршна средба граѓани, преставници од општината, преставници на комуналното претпријатије со цел да се оценува апликацијата ,,ДИБРА ОН“
За постигнувањата во реализација на апликацијата пред присутните зборуваше г-дин
Шуип Марку, кој го промовираше апликацијата и насочуваше на можностите
за користење на истата. Понатака истиот им објасни на присутните за механизмот на
работа со апликацијата и текот како ќе се адресират проблемите до одговорните
страни, почнувајќи од пријавување на проблемот од страна на граѓаните, филтрирање на
проблемите од администраторот и адресирање до институциите кои ќе треба да го
одстранат проблемот. Се зборуваше и за дотерување на истата во иднина преку
одстранување на дефектите на апликацијата и внесување на нови напредни елементи.
За техничката функција на апликацијата зборуваше г-дин Фисник Мела, кој на
едноставен прифатлив начин им објасни како ќе функционира апликацијата и укажуваше
на чекорите за корегирање на недостатоците но и за начинот како да се внесат
проблемите во апликацијата, и начинотб како истите ќе стигнат до компетентните за
решавање на проблемот. Истиот спомна дека ова форма на апликацијата не е
најсовршената и дека има простор за надградба. На крај ги повика присутните да дадат
забелешки за апликацијата и дека истите правовремено ќе бидат прифатени и внесени во
платформата
После преставување на апликацијата се отвори дискусија околу апликацијата во која
учествуваа неколку од присутните дискутанти. Повеќето изразија пофални зборови, но
имаше и некои дисутанту кои изразија свои предлози каде во иднина има можност за
корекција.
Сите преставници изразија желба да се продолжи со креирање на вакви иновативни
инструменти за унапредување животот во општината и дека ќе бидат критичари на
работата на институциите кога е потребно, но и подржувачи и благодарници кога ќе
преовладуват позитивни активности кај споменатите институции
Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK