Во организација на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар а во рамки на проектот ,, Учиме за климатските промени ,, финансиран од Швајцарската амбасада, учениците од ОУ Саид Најден и Гимназијата 28. Ноември од Дебар го посетија управата на Нп Маврово.
Од страна на шумскиот инжиниер г. Томе Ѓорѓевски и инжинерот по екологија г. Икмет Ејупи учениците се запозна со политиките, мерките и активностите на паркот за заштита на животните и билките кои се загрозени. Преку дискусија, учениците се запознаа и со другите богатства на Националниот Парк Маврово, нејзините вредности и сите еколошки предизвици пред кои е исправена, како и со мерките и дејствијата кои ги презвемаме за најзина заштита.