Училишната заедница на средното училиште „Здравко Чочковски” од Дебар денеска направи завршница на својот проект „Сите против дискриминација”.
За таа цел во амфитеатарот на градот Дебар се одржа јавна дебата на тема “Овој дом верува дека дискриминацијата го уништува соживотот”.
На дебатата говореа ученици кои претходно учествуваа на националниот почетнички дебатерски турнир.
„Главна цел на настанот и дебатата беше да се намали дискриминацијата, да се развие критичката мисла, и да се запознат младите од градот Дебар, за можностите на дебатниот клуб“, велат учениците.