Инвестициска платформа во заедницата
Денес се одржа прв настан за сензибилизација со локалните граѓански организации!
Денешниот состанок во рамки на проектот „Инвестициска платформа на заедницата“, после долго врме ги обедини 14 локални граѓански организации од Дебар за да дискутираат повеќе за партнерството помеѓу невладиниот сектор и деловниот сектор.
На состанокот се дискутираше за начините и механизмите како да се подобри соработката со деловниот сектор, со цел да се придонесе кон решавање на различните проблеми во заедницата.
Оваа активност беше реализирана во рамките на проектот „Инвестициска платформа на заедницата“, што го спроведуваат Фондацијата Албиз, Здружението Центар за одржлив развој (ЦСЦД), Здружението Мултикултура од Тетово и Здружението Центар за истражување и анализа Новус од Струмица.
Овој проект е финансиски поддржан од Европската унија.
На состанокот учествуваа преставници на ХРА Месечина-Дебар, Радика-Де, Еколошко здружение „Дешат“, Мозаик. CSCD, Културно уметнички друштва, „Кајак Кану клуб “, Радика“, Дневен центар за лица со посебни потреби, Здруженија на пчелари, Спортско риболовско друштво „Трофта“, Алпинистичко здружение „Дибра“, Здруженија на жени, Х.Д. Дрита, Е.З. Озон 3, и некои активни неформални групи
+6