На 14.03.2017 во просториите на CSCD (Centre for Sustainable Community Development) во Дебар беше организирана “Трибина: Заштита на реките“, на која од пристутните учесници беше направена ретроспектива на активностите за заштита на Радика и Националниот парк Маврово организирани во Дебар и пошироко од 2012 до денеска. Оправдана активност со цел потсетување на малите победи (но со големо значење) за продолжување и понатаму и будно следење на ситуацијата до кенчна победа – спас на Радика и НП Маврово. Благодарност до ЦОРЗ Дебар р2 за организацијата и до учесниците за дебатата и предлозите.
р1

Секоја година на 14 март, илјадници луѓе од целиот свет го кренат својот глас  за да ги прослават победите за заштита на реки во светот. Меѓународниот ден за акција за реките е ден кога се прославуват победите како што се отстранување на браните и реставрации на реките. Тоа е еден ден кога граѓаните излегуват на улиците, побарат подобрување на политиките и практиките на носителите на одлуки. Тоа е ден кога се едуцираат, и ги споделат информациите  еден на друг за заканите со кои се соочуваат нашите реки, и учат за подобри алтернативи за производство на електрична енергија од уништување на реките. Пред сè, тоа е еден ден да за да се обединат љубителите на реките – делувајќи заеднои да се покаже дека овие прашања не се само локални, туку глобални во обем.

Ние во Дебар и пошироко имаме причина да го славиме овој ден, по нашата неколку годишна акција за спас на реката Радика имаме да славиме една победа за спас на Мала Река, но имаме истотака и предизвик конечно да го спасиме и Радика.