Седум учесници од Македонија беа пратени од страна на  CSCD за да учествуваат во младинската размена на Erasnus+ во Illora, Granada, Spain. Проектот беше наречен The Challenge и започна на 4ти Јули и траеше до 12ти Јули,2017.

Целта на овој проект беше подготовка на млади луѓе од Македо111нија,Романија и Шпанија кои сакаат да имигрираат во други земји поради барање на работа ( или студии) и кои незнаат како да се справат во нови ситуации (социјално и емоционално).Тие создадоа симулации од реалниот живот кои ги сооучуваат учесниците со реалноста.За да го зајакнат овој процес тие креираа работилници и дискусии и тоа со една цел да ни помогнат  подобро да ги разбереме ситуациите со кои треба да се справиме.

Учесниците успеаа да ги промовираат социјалните и културните вредности на мигрантите во домаќинската земја,истовремено охрабрувајќи ги да ја споделат сопствената култура ,исто така да се справат со реалниот живот во контекст на емиграцијата.Дел од програмата од NGO eSEvents беше патувањето во волшебната Granada каде што учесниците имаа можност да го посетат градот,да научат работи за локалната култура и брилијантното минато на Андалузија.

Проектот беше успешен,учесниците беа задоволни од нивното знаење,нивното учество како и забава.И силно  им препорачуваат на младите да учат и учествуваат во Erasmus + programs.