“Без гарантирана безбедност и здравје при работа нема позитивна оценка за земјава од европската комисија за овој сегмент од  поглавјето 19 “

„загина албански државјанин на градилиште во дебарско…“ ова беше веста на 8 октомври минатата година откако работникот од пешкопеја им подлегна на повредите кои ги здобил при вршење градежни работи во селото балинци. Полицијата и трудовиот инспекторат направиле увид, а причините за несреќата поради која работникот го загуби животот јавноста не ги дозна.   Трудовата инспекција од дебарско неколкупати има констатирано дека работниците недоволно ги користат заштитните средства, а изостанува и колективната заштита при работа и покрај изрекувањето на мандатните казни некои работници и кога работодавачите ќе им набават соодветна опрема , предвидена во законот, остануваат недисциплинирани.

Иако податоците на трудовиот инспекторат покажуваат тренд на поголема свесност сепак во најголема мера се прекршуваат законските одредби. Така во тековната 2024 година трудовиот инспекторат извршил вкупно 154 инспекциски надзори од областа на безбедноста и здравјето при работа. При тоа е утврдено дека законот го прекршиле 51 правен субјект меѓу кои компании за градежни материјали, за производство на мебел, маркети, здравствени установи, пекари, јавното комунално претпријатие, бутици и други правни субјекти меѓу кои „кнауф радика ад“, „амар мебел компани“, „кам доо“, „јзу гоб 8-ми септември“, пекара „адиса“ и др. ( „лика компани“ дооел, тп „елфат“, „тими ќенан“дооел, „традита – брахај сурај“, хит курто дооел, зд мимар зидофасадер, ренофикс нух дооел, нурбахан  – нбнк дооел, адхурими мебел дооел, кнауф – радика ад, мунтас ком дооел, артан трејд дооел, ра – медина – хм дооел, тани комерц дритан дооел, мер – ком мебел дооел, т.п. таири унион инвест гроуп дооел, конструктион, ердиар – цомпани дооел, дигипс доо, дукас компани миче дооел, плис конструктион алф дооел, квалитет з.д. зидофасадер, гаа  – инвест дооел, струшки градител дооел, илинден ад, ренофикс нух дооел, текнопоинт дооел, бруно транс дооел, беким – б дооел, плис конструктион алф дооел, гаа  – инвест дооел, мирзо танс компани дооел, унион инвест гроуп дооел, ренофикс нух дооел, едо компани дооел, ашмет комерц дестан дооел, зд квалитет, зд мимар зидофасадер, тани комерц дритан дооел, мер-ком мебел дооел, јкп стандард ).  На  сите им биле изречени инспекциски мерки согласно законот за безбедност и здравје при работа. Издадени   биле  прекршочни платни налози, една прекршочна пријава  и донесени се решенија со инспекциска мерка наредба , за прекршување на законот за безбедност и здравје при работа во делот за обврска согласно членовите  11, 22, 24, 31, 37, 47, 17, 14,26,15,12 и 25 од овој закон. Прекршочната пријава е изречена на „кнауф радика“ поради прекршувања на членовите 11, 12 и 17. Во овој случај се работело за повреда на окото и носот на работник при експлозија на акумулатор од виљушкар. Компанијата одбила да плати затоа против неа инспекторатот поднесол прекршочна пријава, велат од државниот трудов инспекторат.

Токму законот за безбедност и здравје при работа е нотиран во извештајот на европската комисија за напредокот на земјава. Правилата на еу во социјалната област вклучуваат минимални стандарди за трудово право, еднаквост, здравје и безбедност при работа и недискриминација, стои во извештајот. Државниот инспекторат за труд (дтр) на република северна македонија ги подобри своите способности со ангажирање на 25 дополнителни инспектори и со спроведување на повеќе обуки, но и понатаму се потребни подобрувања, особено во безбедноста и здравјето при работа. Земјата ,се потсетува, дека допрва ќе го донесува новиот закон за безбедност и здравје при работа. Меѓудругото комисијата забележува дека од јануари до декември 2023 година, инспекторите на дит извршиле вкупно 22 938 инспекциски надзори со кои се утврдуваат недостатоци и неправилности, за кои вкупно се донесени 5 543 решенија. За прекршување на одредбите биле издадени вкупно 994 платни налози, поднесени се 112 прекршочни пријави, како и 35 кривични пријави. По државната реорганизација во 2024 година, државниот инспекторат за труд сега е под министерство за економија и труд. Властите треба да донесат акционен план за безбедност и здравје при работа за периодот 2024-2025 година, стои во препораките на европската комисија.

Европската унија му посветува големо значење на овој закон бидејќи со него се  дефинираат мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето мерки. Основен принцип согласно законот е „принципот на превенција на повреди на работа, професионални болести и болести во врска со работата“. Во закон за безбедност и здравје при работа, за првпат се воведува и институтот „проценка на ризик“, која треба да ја изврши работодавачот. Една клучна обврска на работодавачот е обврската да овозможи и превентивни здравствени прегледи за сите во овластената здравствена установа по претходно склучен меѓусебен договор. Законот за безбедност и здравје при работа ги обврзува сите претпријатија, без разлика на нивната дејност. Со законот се воведува законска обврска за систематско проценување на сите ризични фактори во еден работен процес, со цел да се утврдат можните опасности и штетности на работното место кои можат да предизвикаат повреди при работа или некако вид на професионални заболувања.

Фламур Муладаути

 

Оваа публикација е дел од проектот Учество на медиумите од Единицата за локалната самоуправа- Дебар во преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ  кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. За содржината на оваа публикација целосно е одговорен Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија“.