Според динамиката за реализирање на активностите од проектот на ден 20 јули, во хотел ,,Леон“ Дебар после претходни превземени подготовки и договорања околу реализирање на конференцијата, се одржа завршна конференција во која учествуваа: преставници од училиштата (директори, стручни служби и професори) учесници во проектот, преставници од Полицијата и од Основниот Суд во Дебар. Во конференцијата учествуваа и новинари од Канал 3 (регионална ТВ) , ТВ Дибра, Дописникот на радио ,,Слободна Европа“, дописникот на весникот Коха., ,,Тимот на проектот“ и преставникот од организацијата Метаморфозис – Скопје, Дона Џамбаска. На самата конференција беа презентирани резултатите од проектот, препораките излезени од активностите и други заклучоци повразани со проектот. Во конференцијата беа повикани и вклучени во работата на конференцијата и преставнците на Основниот Суд – Дебар ( Мевмед Муратовски – советник за односи со јавноста и преставник на МВР – Дебар Самија Садули (инспектор во одделението за криминачлистика) кои реферираа со свои видувања и дадоа посебен допринос околу тоа како проблемот опфатен со проектот да биде третиран на подобар начин и што е најзначајно нивните изјави беа дека ќе дадат безрезервна подршка за успешно функционирање на мрежата и после завршување на проектните активности.
УЧЕСНИЦИ: Директори , професори и преставници на органи на училиштата опфатени со проектот, новинари од Канал 3, ТВ Дибра, на радио ,,Слободна Европа“, на весникот Коха., ,,Тимот на проектот“ и преставникот на Метаморфозис – Скопје,(детали за учесниците се наведени во листата на учесници) , преставник од Основниот Суд – Дебар и од МВР- Дебар (полициска станица)
РЕЗУЛТАТ ОД АКТИВНОСТА: Информирани учесници во конференцијата за резултатите од активностите на проектот – резултатите од секоја активност посебно, заклучоците и одржливоста на проектот. Формирана мрежа и дизајнирана стратегија за понатамошна работа на мрежата. Заклушоци и препораки од проектот.