Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар за потреба на проектот

„Да учиме за климатските промени„ , на ден 01.10.2024 објавува:

Повик за понуди

 

Експерт за спроведување на интерактивни тематски работилници со деца во основно средно образование за погидање на свесноста и отварање на дискусија за климатските промени три градови Дебар, Струга и Охрид.

Периодот на релаизација: Октомври Ноември  2024 година

Креан рок за доставување на понуди: 10 октомври 2024 година

      I.        Информации за проектот

1.1      Наслов на проектот

Климатски промени/Животна средина

1.2      Донатор и програма

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

1.3      Побарувач на услуга

Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар

1.4      Информации за проектот

1.4.1      Општа цел

Да се придонесе кон намалување на штетните влијанија од климатските промени врз животната средина и луѓето, преку поддршка на пристап насочен кон децата и младите.

1.4.2      Специфична цел

Да се зголеми активното учество на младите како одговорни граѓани во  справување со предизвиците од климатските промени и нивното влијание врз животната средина и човекот

1.5      Општи информации за задачата

Проектот „Да учиме за климатски промени“ побарува консултантски услуги од индивидуален/ни преведувач(и) / правен субјект, за изработка на едукативен материјал за спроведување на едукативно-информативна кампања, преку социјалните мрежи за промовирање на добри пракси, успешни приказни и споделување на информативни написи на тема климатски промени и нивните влијанија.

Давателот на услугата треба да достави понуда за:

Експерт за спроведување на интерактивни тематски работилници со деца во основно средно образование за погидање на свесноста и отварање на дискусија за климатските промени во три градови Дебар, Струга и Охрид

Контакт

Шуип  Марку

070306652

Contact@cscd.org.mk

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.