Денес го пречекавме амбасадорот на Франција, неговата екселенција, г. Сирил Баумгартнер, придружуван од преведувачот и советник, г. Ардијан Рамадани и практикантот на оваа амбасада Мелина Бодин.
За време на средбата потсетивме на активностите спроведени во изминатиот период како и разменивме идеи за идна соработка, со фокус на промоција на француската култура и јазик.
Амбасадорот го запознавме со тековните активности на здружението.

 

 

Во петокот на 9 декември, амбасадорот го посети градот Дебар и оствари средба со неговиот градоначалник, г. Хекуран Дука, како и со здружението „Центар за одржлив развој“, активно во децентрализираната соработка со Франција. Дебар е збратимен со градот Иф повеќе од дваесет години, а во две основни и во едно средно училиште се изучува францускиот како втор странски јазик.

https://mk.ambafrance.org/Visite-a-Debar-6172