„Студентите во земјава живеат во далеку полоши услови од оние во членките  на ЕУ“

Тоа што гласно се шепотеше за лошиот студентски стандард поточно за условите во студентските домови го потврди во својот извештај заводот за ревизија. Наодите констатирани во него според главниот ревизор Максим Ацевски никако не упатуваат на услови што би требало да бидат хумани за живеење на нашите студенти и се далеку пониски од оние во земјите од европската унија. Поразителни се бројките за сместувачките капацитети за што сведочат поплаките за немањето топла вода во одредени делови, интернет, а пред се квалитетот на сместувањето, на храната и на хигиената во државните студентски домови.

„цената за сместување во државните студентски домови од 2008 година до сега е непроменета и изнесува 6.820 денари, од кои половината ги субвенционира државата, а другата половина ја плаќа студентот… Со 16 години непроменета цена се прави вештачки притисок со цел да не се испорача квалитетна услуга кон студентите односно кон граѓаните.“ – вели главниот државен ревизор Максим Ацевски[1].

Во однос на препораките од  дзр за  двојно зголемена цена , односно  14.680, министерката  Весна Јаневска смета дека сега тоа би било голем шок и за студентите кои би требало да плаќаат по 7.340 денари, но и за државата. Прстот го впери во поранешните власти заради тоа што не ја прилагодувале цената на реалните трошоци и инфлацијата. Покрај проблемите со храната и сместувањето, имало и нелегално издавање соби, купување храна по енормни цени, а студентите добивале неквалитетен оброк, тврди министерката. Се прават обиди за подобрување на условите така што два студентски дома се реновираат, а се планираат и другите да бидат обновени. Пред се најважни ќе се законските измени.

„неопходни се промени во законот за студенстки стандард … Со претседателот и целото собрание на уким се договоривме нов закон да се донесе до јуни 2025 заедно со оној за високо образование и делови од законот да се стават во подзаконски акти за да може да работиме…„ – вели Јаневска.

Од студентското собрание, пак,  најавија нова програма за подобар стандард. Претседателот на собранието на УКИМ Александар Аиколовски   вели се организираат во комисии и работат на секој проблем од прашањата за студентски оброк, стипендии и особено за сместувањето за кое ќе се посветат најмногу при донесување на законот.

„ во новиот закон за студентски стандард треба да се предвидат нови средства за домовите затоа што многу малку се влеваат таму, потоа промена на начинот на управување во домовите итн. Заради тоа што тие поголеми работи ќе донесат подобри подолгорочни решенија за да се отстранат проблемите со немање топла вода и други услови…“ додава Николовски.

Студентите сметаат дека е дегутантно во земја кандидат за членство во ЕУ да и се случуваат проблеми како немањето доволно хранливи материи во храната или  достапност до бесплатен интернет, на пример.

„додека во европската унија се зборува за вештачка интелигенција, ние уште зборуваме за принтери, скенери, компјутери и достапност до бесплатен интернет“  – студентка „кога ќе ги ставиме на скала немањето на млеко и овошје со немањето интернет сметаме дека немањето интернет е голем проблем..“ –  студентка

Дека состојбите не се добри може да се види и од нотираното во последниот извештај на европската комисија за напредокот на земјата во 2024 каде се вели дека  јавната потрошувачка за образование и обука благо се намалила до 3,17% од бдп во 2024 година за споредба со 3,58% во 2022 година, што е сè уште далеку под просекот на еу од 4,7%. Исто така буџетот за образование се намалил како дел од вкупниот државен буџет во 2024 година на 9,15% во споредба со 2023 година  кога бил 11,7%.

.

Состојбите се пресликуваат и кај студентите од дебарско кои  студираат на универзитетите во земјава. Поимотните најмуваат приватни станови, додека оние со поскромни финансии се сместени во студентските домови за кои велат дека се далеку под европските стандарди.

„две години живеам во студентски дом и тоа во приватен универзитет, но од како е отворен   ништо не е сменето на подобро“ вели студент кој сака да остане анонимен.

[1] https://www.youtube.com/watch?v=uxtFZv0vGuw