Центар за одржлив развој на заедницата Дебар во партнерство со Фондацијата за развој на образование и култура Албиз Fondacioni Albiz успешно организираше Форум Дискусија во рамките на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата”, финансиран од Европската Унија .
Од страна на Фондација Албиз, беа презентирани успешни иницијативи за инвестиции на бизнис секторот во заедницата. Присутните имаа можност да добијат подетален впечаток за различни начини преку кои бизнис секторот може да придонесе во подобрување на заедницата.
Форумот го модерираше Висар Адеми со големо искуство во бизнис секторот кој детално објасни што опфаќа , законите, и препораки за подоврување на закомот и презентираше успешни примери за јавно-приватно партнерство како инспирација преку која ја илустрираше реалната вредност на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор и со цел да стимулира дискусија за актуелните предизвици и препреки што стојат пред имплементацијата на законот за јавно-приватно партнерство во нашата земја.
Учесниците имаа можност да размислуваат и да споделат идеи за надминување на препреките во примената на законот, а беа разгледани и потенцијални начини за подобрување на околните услови што би ги олесниле инвестициите на бизнис секторот во заедницата.
Линк до Community Investment Platform – CIP Платформата за инвестиции во заедницата: www.cip.mk