vevcani

 Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, на 20 Фебруари 2018 година (вторник)  во ресторан „Пупинова Куќа„, Вевчани. одржа Јавна трибина на тема: Сите заедно во заштита на реката од загадувањето

На трибината учествуваа преставници на Општината Вевчани, преставници на локалното јавно претпријатије, преставници од Граѓански организации и граѓански активисти.

 

Активноста беше од проектот: Координација и соработка меѓу граѓанските здруженија на животната средина со општините од југозападен плански регион на Р.  Македонија

 

Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар (CSCD) од месец Септември 2017  до август 2018,  година во Дебар, Центар Жупа, Струга и Вевчани од Југозападен плански регион  го спроведува проектот Координација и соработка меѓу граѓанските здруженија на животната средина со општините од Југозападен плански регион на   Република Македонија. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

 

 

 

 

Основана во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ (невладини организации) во развиените земји во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/неразградливите органски загадувачи и спречување на деградацијата на земјиштето истовремено генерирајќи одржлива егзистенција.

www.gefsgpmacedonia.org.mk i www. sgp.undp.org