Во организација на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар а во рамки на проектот ,, Учиме за климатските промени ,, финансиран од Швајцарската амбасада, денес на наше големо задоволство бевме домаќини на учениците од ОУ Саид Најден и Гимназијата 28. Ноември од Дебар.
Низ взаемна дискусија, учениците се запознаа со Шар Планина, нејзините вредности и сите еколошки предизвици пред кои е исправена, како и со мерките и дејствијата кои ги презвемаме за најзина заштита.
Научија и спознаа дека природата на Шара не е само простор – таа е есенција за иднината, жив екосистем што бара грижа, разбирање и заедничка одговорност. Затоа, важно е овие деца да ги водиме, да ги учиме и да им покажеме со пример дека заштитата и развојот можат да постојат заедно, хармонично и одржливо.
