П О К А Н А

за присуство на трибина на тема

Информираноста е клучна за здравјето на младите

 
Почитувани,

 

Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар (ЦСЦД-Дебар) и Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Цивика Мобилитас, ве покануваат на трибина на тема Информираноста е клучна за здравјето на младите што ќе се одржи на 15 мај 2018 година (вторник) во амфитеатарот на гимназијата Здравко Чочковски со почеток во 12.00 часот.

 

На конференцијата ќе учествуваат претставничка на Х.Е.Р.А. и гинеколог, а ќе се обрати и претставник на ЦСЦД Дебар.

 

Учесниците ќе зборуваат за сексуално преносливите инфекции и за информираноста како клучен фактор за нивна превенција. Оттука, во фокусот на трибината ќе биде и модерната контрацепција како дел од сеопфатното сексуално образование. Преку митови и факти за СПИ и за контрацепцијата ќе се поттикне дискусија на оваа тема која иако е исклучително важна за здравјето на младите, и натаму е многу ретко застапена во јавниот дискурс.

 

Доколку ви се потребни дополнителни информации, контактирајте го Гоце Љубиновски на gljubinovski@gmail.com и/или на 070 306 651.

 

15 мај 2018 година | вторник
Гимназија Здравко Чочковски (амфитеатар)- Дебар

А Г Е Н Д А

12.00-12.15 Регистрација на учесници
12.15-12.20 Отворање на трибината и претставување на учесниците
– Андријана Папиќ Манчева, модераторка, ХЕРА

 

12.20-12.30 Обраќање на претставник на ЦентаротзаодржливразвојназаедницатаДебар (ЦСЦД Дебар)

 

12.30-12.45 Што се сексуално преносливи инфекции и како да се заштитиме од нив?
– Лилјана Атанасовска, дерматовенеролог

 

12.45-13.00 Како да зборуваме за сексуално преносливите инфекции и за контрацепцијата: митови и факти

– Мери Цветковска, проектна координаторка, ХЕРА

 

13.00-13.30 Дискусија и завршни заклучоци

 

13.30-14.00 Коктел