АЛФОРУМ 2025, ТИРАНА
„Евро-Медитеранот – Единство во различностите“
Претставници од целиот евро-медитерански регион од 18 до 20 јуни се собираат во главниот град на соседна Албанија. Тирана е годинашен домаќин на ALFORUM 2025 – еден од најголемите форуми досега, со учество на околу 1.000 претставници: граѓански организации, млади лидери, влијателни личности, владини и институционални претставници, мислители и експерти од 43 земји.
Од форумот се очекуваат идеи, предлози и практични решенија од креаторите на политики и други релевантни засегнати страни во областите на меѓукултурниот дијалог, екологија, културно наследство, борба против дезинформации и лажни вести, младински политики, родова еднаквост и многу други теми.
АЛФ форумот нуди партиципативни искуства, културни настапи и интерактивни сесии што ќе претставуваат моќна платформа не само за обликување на идните насоки на Фондацијата „Анна Линд“ и нејзините партнери, туку и за поттикнување дебати и значајни промени на двата брега на Медитеранот.
Преку објективите на медиумите и очите и ушите на новинарите, јавноста не само што ќе биде информирана за богатството од различности во евро-медитеранскиот регион, туку и ќе се сензибилизира за темите што го засегаат обичниот човек – и за тоа како секое општество им приоѓа на неговите предизвици.
Во рамки на форумот ќе се одржат неколку пленарни сесии и стотици тематски панели со говорници од сите земји на регионот. Експерти ќе споделат непроценливо искуство преку живи примери и успешни решенија.
АЛФОРУМОТ беше отворен од принцезата Рим Али, претседателка на Фондацијата „Анна Линд“, а свои обраќања имаа и Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, како и Анууела Ристани, в.д. градоначалничка на Тирана. Премиерот на Албанија ќе се обрати утре.
На форумот учествуваат и претставници од Северна Македонија, меѓу кои и претседателката на фондацијата „Анна Линд“ за Македонија.
Фиљана Кока, МТВ1, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар