2

ЈАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

По повод 14- ти  март меѓународниот ден  на Акцијата за Заштита на реките го објавуваваме ова јавно известување со што го подигаме гласот за следниве проблеми:

  1. Стоп на градбата на браните и пренасочување на реката Радика
  2. Да се заштити  Дебарското езеро од загадување со комунални отпадоци кои се влеваат во сливовите на реките Радика и Црн Дрим
  3. За Дебарското езеро да се даде концесијата само за спортски риболов и рекреација.

 

Секоја година на 14-ти март илјадници луѓе од целиот свет го креваат својот глас  за да ги заштитат реките широм светот. Меѓународниот ден на акција за заштита на  реките е ден за одбележување на победите, како на пример одстранување на браните  и рестаурација  на реките. Овој ден треба да се користи за излегување на улица за да се протестира и  побарува  подобрување на политиките и практиките на одлучување. Тоа е ден за да се едуцираме  едни со други за заканите со кои се соочуваат нашите реки и да работиме на изнаоѓање подобри решенија за искористување на водата и енергијата. Пред сè овој ден преставува ден кога треба да се здружиме заедно и заеднички да делуваме

Ние денес заедно демонстрираме и сакаме да пренесуваме до јавноста  дека овие прашања не се едноставно само локални, туку  се глобални прашања во насока  на дејствување.

Ние Дебарчаните денес го славиме и ,,Летник,, автохтон долгогодишен празник,  ги  благословуваме цвеќињата, храната и водата. На сите ни е јасно дека водата преставува животна неодложна потреба, затоа токму денес  нашиот глас е насочен кон донесувачи на одлуки.без разлика дали биле стари или оние помладите. Ние одлучно им пренесуваме на компетентните дека реката Радика е света за нас и дека таа и понатака слободно ќе си тече во своето старо корито, затоа:.

Тргнете ги рацете од реката!

Исто така ги повикуваме преставниците на двете опѓтини, она на Дебар и Маврово-Ростуше да ги превземаат сите потребни мерки  за заштита на езерото од загадување.

Силен апел  упатуваме  и до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство дека за Дебарското езеро  не треба да се издаде  концесија за економска експлоатација на риба, бидејќи ќе се  уништи целиот фонд на   риби во езерото, но да се издаде концесија само  за спортски и рекреативен  риболов.

 

Здружение за Одржлив развој на заедницата  CSCD

14-ти март 2018 Дебар