logo2

Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, организира промоција на публикација „Методологија за распределба на средства за здруженија и фондации од општинските буџети“ која ги содржи резултатите од спроведените работилници за развивање методологии за распределба на средства од буџетската ставка – Трансфер до НВО од општинските буџети за поддршка на здруженија во 8 (осум) општини во Република Македонија: Струмица, Чешиново – Облешево, Кичево, Пласница, Дебар, Центар Жупа, Битола и Новаци.

Ве покануваме да присуствувате на промотивниот настан кој ќе се одржи на 27 мај (петок) од 13:30 часот во просториите на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар.

 

Публикацијата има за цел да послужи како алатка за застапување во вклучените општини, но и како пример на останатите општини за креирање и подобрување на механизмите за распределба на средства од општинските буџети до здруженијата..

 

Овие активности се дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“ кој го имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Младински културен центар Битола, Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Центар за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Република Македонија.

 

Во продолжение на поканата е дневниот ред на промотивниот настан.

 

Со почит,

Гоце Љубиновски

ЦСЦД Дебар 070/306-651 gljubinovski@gmail.com

 

 

 

Дневен ред

 

(27.05.2016, Центар за одржлив развој на заедницата Дебар)

 

 

12:00 – 12:15         Претставување на проектните цели и активности

 

Гоце Љубиновски- локален координатор на проектот

 

12:15 – 13:15         Презентирање на публикацијата и разработените и усвоени методологии

 

Шуип Марку – ЦСЦД-Дебар

 

13:15 – 14:00         Дискусија

 

14:00 – 14:15        Заклучоци

 

14.15. – 14.45        Коктел