По серија од 5 работилници и тоа

  • Вовед во креативни индустрии, развој на идеи и креирање концепти
  • Брендирање, прототипирање и почетни скици на производи
  • Бизнис модел, цени и маркетинг стратегии
  • Правни аспекти, презентација на идеи и инвестициски можности
    и последната менторска работилница учесниците преку добиените информации и преку  практични вежби и дискусии за претприемништво и развој на бизнисот  подготвија пет бизнис планови за :
  1. Кафе на песок
  2. Производство на традиционални пити
  3. Производство на традиционална облека
  4. Производство на магнетни слики од домашни миленици
  5. Производство на огрлици за мачки со локални мотиви

Овој проект е финансиски поддржан од 7-миот повик за предлози на Фондот за Западен Балкан, кофинансиран од Европската Унија, ИПА III – Инструмент за претпристапна помош.