JАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО ВО МЕНТОРСКАТА ПРОГРАМА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
GROWTH – Генерирање вистински можности преку работа, талент и ангажман
Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар објавува јавен повик за млади и невработени лица со живеалиште на територија на општина Дебар за учество во Менторската програма во рамките на проектот GROWTH, кој се спроведува во соработка со партнерите: Општина Књажевац (Србија), Општина Никшиќ (Црна Гора), TREDEA – Агенција за развој на Требиње (Босна и Херцеговина), со поддршка од Фондот за Западен Балкан (WBF).
ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА:
Развој на претприемачки и креативни вештини преку практична работа, менторство и креирање на одржливи производи во рамките на креативните индустрии. Програмата е особено насочена кон невработени млади лица, на кои ќе им се обезбеди стручна поддршка и мотивација за развој на сопствени идеи и бизнис модели.
ПРОГРАМАТА ВКЛУЧУВА:
-
Работа со ментори од областа на претприемништво, креативни индустрии и брендирање;
-
Обука преку четири практични модули;
-
Развој и презентација на прототип на производ;
-
Можност за вмрежување со учесници од регионот;
-
Изработка на бизнис планови;
-
Учество на завршна конференција во Никшиќ.
ТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА:
Петдневната менторска програма ќе се реализира во јули и август во Дебар.
УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
-
Статус на невработено лице;
-
Живеалиште на територија на општина Дебар;
-
Предност имаат припадници на маргинализирани групи (млади, жени, припадници на малцинства, лица со попреченост итн.).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
-
Копија од лична карта или пасош;
-
Доказ за невработеност;
-
Уверение за живеалиште;
-
Биографија (CV);
-
Мотивациско писмо (максимум 1 страница) во кое кандидатот ја објаснува својата заинтересираност за програмата, идејата или областа на интерес, и што очекува да постигне преку учество во програмата.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Документацијата треба да се испрати на е-адресата: contact@cscd.org.mk со назнака “Апликација за Менторската програма – GROWTH” или да се достави во канцеларијата на здружението во плико со назнака: “за апликација за Менторската програма – GROWTH”.
РОК ЗА ПРИЈАВА:
Апликациите може да се поднесат најдоцна до 10.07.2025 година, до 13:00 часот.
За сите дополнителни информации, контактирајте не преку е-пошта: contact@cscd.org.mk.