Здружението Центар за одржлив развој на заедницата –Дебар (ЦОРЗ) , најостро ги осудува logocscdна пресот оддржан на 04.02.2017 и ги отфрла во целост како неточни, непрофесионални и нечесни лаги наменети за наштетување на угледот и чесноста на работата на ЦОРЗ, кое минатата година славеше јубилеј од 10 години постоење а од страна на лицето Цветин Чилиманов бевме наведени дека сме формирани непосредно пред изборите.

Најостро демантираме дека како здружение по ниедна основа не сме работеле за креирање на тензии како што обвиниваат од ,,СОС,, туку напротив во ЦОРЗ-Дебар членуваат лица а пред се млади од различни националности и вери, кои во минатото и сега се залагаат за градење на заеднички соживот, разбирање и толеранција на граѓаните во регионот.

 

ЦОРЗ-Дебар ја демантира изјавата на СОС дека работи по наредба на Фондацијата Отворено Општество, според агенда диктирана од Џорџ Сорос и на политички кампањи на СДСМ. Напротив, ЦОРЗ-Дебар работи на остварување на своите цели согласно статутот на и програмските области: Добро владеење, одржлив развој и младински прашања.

 

ЦОРЗ-Дебар ги квалификува изјавите на ,,СОС,, како тешка навреда и клевета како и уривање на угледот на организацијата, и бара од истото јавно извинување во рок од 7 дена. Во спротивно, Здружението ќе поднесе тужба за навреда , клевета и нарушен углед.

 

                                                                                                      

 

     Со почит

                                                                                                     

 Здружението Центар за одржлив развој

  на заедницата –Дебар

06.02.2017