3На 18 и 19 ноември, во Хотел Дрим во Струга се одржа дводневна обука за ученици од основните и средните  училишта од општините Дебар, Центар-Жупа и Маврово и Ростуше на тема „Безбедно користење и заштита на приватноста на интернет“.

Оваа обука е во рамките на проектот Сајбер ангели чувари – безбедност на децата на социјалните мрежи и интернет, од злоупотребата на личните податоци, имплементиран од Центар за одржлив развој на заедницата Дебар во партнерство со Метаморфозис, а поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Главна цел на проектот е заштита и едукација на младите од  злоупотребата на нивните лични податоци преку социјаните мрежи.

Обуката ја одржаа предавачи од фондацијата Метаморфозис, а ја посетија 25 учесници, меѓу кои основци, средношколци и наставници од наведените општини.

Учениците имаа прилика да се запознаат со основните поими поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, опасностите на интернет, како да ги препознаат и како да си ја заштитат приватноста и безбедноста на интернет. Учениците и наставниците дополнително се едуцираа за приватноста на социјалните мрежи, како и препознавање на говорот на омраза.

Предавањата беа надополнети и со интерактивни вежби и презентација на кратки
едукативни филмови, како и игри преку кои се евалуираше наученото од страна на учесниците за темите на предавањата.

Учениците беа мотивирани да дискутираат и отворено да поставуваат прашања во врска со заштитата на нивните лични податоци и приватноста на интернет.