Општините немаат капацитети сами да се справат со решавање на проблемот со депониите во нивните населени места. За граѓаните да не се доведат во иста ситуација како онаа од минатото лето кога Струга се давеше во густ чад и непријатна миризба од депонијата, неопходни се итни владини мерки. Ова е заклучокот од денешната дебата во Струга за тоа како дасеуправува со депонијата додека не се изгради регионалнадепонија.
Ова е многу важно и итно прашање и затоа владата треба да преземе мерки како во Струга, веднаш да се справи со ова бидејќи здравјето на граѓаните е пред се, а после тоа се економијата, парите, политиката, изјавиШуип Марку-Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
Потребна ни е локација што ќе биде определена од страна на стручни лица и таа локација исто треба да ја определи владата со одлука, да не се остава ова прашање на локалните самоуправи, велиГлигорије Ќатоски-гараѓанска иницијатива Доста е
Од граѓанската иницијатива Стружани за Струга се песимисти дека регионалната депонија ќе биде изградена за брзо време.
Јас верував дека овој проблем мораме да го решиме како локална заедница, како општина, но со тек на времето тоа станува невозможно поради непреземање на мерки претходно, а депонијата добива големи димензии, посочиАрдијан Демири- граѓанска иницијатива Стружани за Струга
Во меѓувреме, идниов понеделник завршува јавниот оглас на општина Струга. На него треба да бидат избрани фирми кои ќе изградат претоварна станица за селекција и транспорт на отпадот од струшката депонија и негово носење на депонијата Дрисла кај Скопје.